173
Државниот секретар во МУП, Данило Стевандиќ денеска изјави дека до синоќа се предадени 32.427 оружје и мини-експлозивни направи и посочи дека во Србија во моментов нема големи безбедносни предизвици.
Тој рече дека од 8 мај, кога започна акцијата за предавање на нелегално оружје кај граѓани, до синоќа во 19 часот биле 26.094 парчиња оружје и 6.333 мини и експлозивни направи, како и 1.349.719 куршуми од различен калибар.
„Тоа зборува за личната одговорност на граѓаните. Сакам да апелирам до граѓаните тоа да го прават секој ден во најблиската полициска станица. Полицијата може да дојде и на домашна адреса и да го собере оружјето“, изјави Стевандиќ за РТС.