287
Група родители на ОУ „Владислав Рибникар“ денеска ја поддржаа иницијативата за итно прекинување на наставата во постојниот објект на тоа училиште и завршување на работната учебна година на 3 мај.
„Повеќе од 150 родители на ученици од ова училиште бараат учебната година да биде завршена до 05.03.2023 година, како ден кога трагичниот настан насилно го прекина нормалното школување. Се што се случи во училиштето по 05.03.2023 е само обид за насилно враќање на ‘нормална’ состојба во училиштето“, се вели во соопштението.
Како што се наведува, кризниот план „кој училишната управа се обидува да го спроведе по секоја цена“ има единствена цел – да ги прикрие последиците од трагичниот настан.