Приватните автобуси од утре повторно на скопските улици

од desk4
340 прегледи

 

Од Јавното сообраќајно претпријатије Скопје (ЈСП) пристигнуваат позитивни вести. ЈСП ја информира јавноста  дека од утре во јавниот превоз се враќаат 105 приватни автобуси. Скопјани ќе можат да се возат  на линиите , 23, 45, 61, 63, 73, 9, 11, 11A, 12, 47A, 55, 19, 20, 22, 52 и 54.

Од ЈСП соопштија дека на 23 мај директорот на ова јавно претпријатие потпишал договор со приватните превозници и тие од утре ќе сообраќаат по скопските улици, со модерни автобуси, кои ги исполнуваат еколошките стандарди.

Ситуацијата со јавниот превоз во главниот град е влошена во последните месеци, откако од крајот на 2022 во градскиот превоз не учествуваат приватните автобуси, па автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) ги презедоа и нивните линии.

Во јавниот градски превоз учествуваат само автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје, приватните автобуси не возат од лани во ноември.

Слични содржини