Министерството за внатрешни работи ќе им забрани на странските студенти да ги носат своите семејств во Велика Британија. Со оваа мерка британските власти ќе се обидат да ја ограничат миграцијата во нивната земја.
Одлуката е донесена бидејќи во 2022 години, во Англија влегле 700.000 мигранти.
Меѓународните студенти кои доаѓаат во Обединетото Кралство повеќе нема да можат да носат семејство со себе, освен под одредени околности.
Новиот закон, исто така, ќе ја забрани можноста за странските студенти да можат да се префрлат од студентската виза на работните визи, пред да го завршат студирањето „за да се спречи злоупотреба на визниот систем“, велат од Владата.
Промените ќе стапат на сила за студентите кои ги започнуваат своите студии од јануари 2024 година со цел да им се овозможи на идните странски студенти времето да си го планираат однапред.
Во 2022 година, на апликантите им беа издадени 486.000 студентски визи – овој број е зголемен од 269.000 во 2019 година.