Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја обвини влалста дека ја редефинира државата. Од владејачката партија СДСМ му одговорија дека таквото тврдењето е глупост.
Мицкоски најави дека е загрижен од можноста државта да биде бинационална.
„Тоа што ме загрижува е дека до мене допираат информации дека не се зборува само за внесување на она минимално бугарско малцинство во Преамбулата туку се зборува и за целосно редефинирање на Македонија како држава. Да биде бинационална во која што ќе постојат два народи, неколку етнички заедници кои сега се дел од народ во рамките на Премабулата и сето останато над одреден процент поврзан со пописот да бидат малцинства. Уште фали да се исцртаат границите и Македонија и формално да биде федерална држава, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Од СДСМ велат дека изјавата за редефинирање на државата е бесмислена измислица која нема врска со реалноста. Го повикаа Мицкоски да одговори „дали ќе се приклучи на европскиот блок“?
– Сега наместо ВМРО-ДПМНЕ да одговори дали ќе се приклучи на европскиот блок или ќе остане во заложништво на Левица, Мицкоски измислува нова глупост за наводно редифинарање на државата. Очигледна е намерата Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да побегнат од одлуката дали ќе се приклучат на проевропскиот блок или ќе останат со левица во анти ервопскиот. Стар и веќе виден пристап на сеење лаги, како што беше за бугаризација, асимилација, мигранти, кантонизација и што ли уште не, изјави Лазаревска од СДСМ.
Работната група за уставните измени на 26 мај ќе одржи нов состанок. Претседателката на телото, Маргарита Цаца Николовска по последната средба минатата недела изјави дека нивен приоритет се уставните измени за внесување на Бугарите, како услов од договорот со ЕУ, а не и други барања кои провејуваат во јавноста.