321
Пратеникот од ДУИ Изет Меџити, вечерва изјави дека тој е потпретседател и член на партијата, и така ќе биде и понатаму.
Меџити рече дека тој и петмината негови партиски колеги од т.н „огнена група“ не се „самоисклучиле” и остануваат дел од ДУИ. Доколку конгресот одлучи да ги разреши, додаде тој, тогаш е сосема поинаку, затоа што конгресот ги избрал, а не неколку ченови на ДУИ.
За ТВ 21, Меџити упати критики кон раководството на ДУИ посочувајќи дека во партијата има целосна анархија и не се знае кој ги носи одлуките, не се консултира членството и не се дебатира за важни теми, а се закажуваат и тајни состаноци.