„НаТочак“ предупредува за безбедноста: „Замислете ако некој утре добие идеја тротинетот да го остави на средина на некој булевар“

од Nikola Popovski
323 прегледи

Група поддржувачи на велосипедскиот сообраќај во Скопје под името „НаТочак“ изразија револт и негодување од постапките на граѓаните кои ги оставаат електричните велосипеди на средина на тротоарите и велосипедските патеки.

Од неформалното здруженија упатија критика до надлежните институции, посочувајќи дека „оваа дозвола за прекршување на општите сообраќајни правила кои важат за сите, директно ја намалува безбедноста“.

„НаТочак“ објави фотографија од тротинет и ја поставија тезата: „Замислете ако некој утре добие идеја тротинетот да го остави на средина на коловозна лента на некој булевар“.

Од 19.05.2023, во Скопје е пуштена во употреба услугата на турската компанија Bin Bin за изнајмување на електрични тротинети. Од достапните јавни информации, во оптек се 500 електрични тротинети, кои поради условите за користење, деновиве можете да ги забележите насекаде.

-Услугата се стартува преку мобилна апликација и според упатството за користење, тротинетот може да се земе и остави било каде, значи БИЛО КАДЕ. Борбата за Скопје функционален Велоград, со слободни и безбедни велосипедски површини треба да е постојана. Со ова ставање на располагање на една приватна компанија, на сите јавни површини, без никаков ред, е во судир со зголемена безбедност во сообраќајот, истакнаа од „НаТочак“.

Слични содржини