Нова апликација „Мое здравје“: Граѓаните ќе имаат увид во своето медицинско досие

од Nikola Popovski
419 прегледи

Апликацијата „Мое здравје“ денеска беше презентирана во Скопје. Преку неа, секој граѓанин ќе има увид во податоците за сопственото здравје. Апликацијата ги обединува податоците од системот „Мој термин“ со податоците од Фондот за здравствено осигурување па граѓаните електронски, во секое време и од секое место ќе имаат увид во сопствените здравствени податоци и прегледни како од матичните лекари така и од специјалистите.

„Оваа апликација ќе го смени начинот на управување со нашето здравје. Апликацијата за електронско-здравствена евиденција ‘Мое здравје’ на секој граѓанин му овозможува увид во сопствените здравствени податоци. Преку неа ќе може лесно да пристапите и да ја истражувате вашата медицинска историја, детали за рецепти, специјалистички и дијагностички лабораториски и болнички упати, досиеја за имунизација. Се што треба да знаете за вашите здравствени услуги е добро организирано и лесно достапно“, рече Фатмир Меџити, министер за здравство.

Портпаролката на Министерството за здравство, Берна Шерифовска изјави дека апликацијата ветува подобрување во здравството, односно овозможува лесен, брз и ефикасен пристап до медицинската историја на граѓаните.

Сите информации се поделени во две категории – активни и архива. Активни се сите актуелни документи, а во архива се сместени сите изминати документи за повеќе години наназад.

Слични содржини