Ким Кардашијан искрено проговори за својот бурен развод со Канје Вест во најновата епизода на The Kardashians. Реалити ѕвездата не премолчи ништо во премиерата на третата сезона, и додека емотивната Ким бараше утеха од нејзината мајка Крис Џенер, таа откри како непредвидливото однесување на Вест ѝ наштетило на нејзината благосостојба.
„Го поминав целото утро во напад на анксиозност, се чувствував како да не можам да дишам цел ден. Знаете кога сте на работ на солзи… така се чувствував цел ден. Тој ја измисли најлудата приказна за тебе и снимката, а ние молчиме и молчиме низ сите лаги“, рече Крис.
Џенер додала дека Канје постојано ја поткопува Ким изнесувајќи ја нејзината славна секс снимка од 2007 година со Реј Џеј, за која Ким рече дека „сите негови гадости еден ден ќе бидат многу поштетни за децата од нејзината снимка“ и додаде дека е тешко кога нејзините четири деца се толку приврзани за нивниот татко.
„Влегувам во автомобилот и секој ден децата сакаат да ја слушаат музиката на нивниот татко, а јас велам: ‘Тој е најдобар!’. Го пуштам и пееме заедно, а одвнатре умирам затоа што засекогаш ќе бидам нивната најголема навивачка и еден ден, кога ќе се уверат самите, ќе им одговорам на секое прашање. А ќе имаат многу“, вели таа.