Хорор во Милано: Ученик нападнал професорка со нож

од Stefanija Kuzmanovska
290 прегледи

Средношколец во Абијатеграс, Милано утрово со нож нападнал професорка.

Елизабета Кондо (52) била прободена со нож во раката и главата и хоспитализирана во болницата Лењано. Нејзините повреди не се сериозни, пренесе „Анса“.

Момчето било запрено од полицијата, а и тој со полесни повреди бил пренесен во болница во Милано.

Карабинерите го испрашувале момчето кое, според првичните информации, им се заканувало и на соучениците со пиштол играчка, наредувајќи им да излезат, пред да биде запрен од полицијата.

Слични содржини