СДСМ денеска излезе со ново соопштение во кое предупредува дека на Град Скопје му претстои банкрот.
-Советот на Град Скопје кон крајот на минатата година за оваа 2023 година изгласа буџет од 700 милиони денари или над 100 милиони евра. Денес, неколку месеци подоцна, Град Скопје за првпат во историјата е со блокирана сметка и му се заканува банкрот“, велат од партијата и посочуваат дека ВМРО-ДПМНЕ треба да одговори каде се потрошија парите на скопјани.
-Таа партија ги има сите управни и надзорни одбори во претпријатијата и установите, таа партија го има мнозинството во Советот. Ситуацијата во речиси сите скопски јавни претпријатија и установи е катастрофална, а директна одговорност за тоа имаат ВМРО-ДПМНЕ и кадрите на шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски. Дури и наследените проекти како мостовите на булеварот АСНОМ и улицата Љубљанска, реконструкцијата на Универзална сала, клучката кај Момин поток, стојат нечепнати повеќе од една и пол година.
Потрошен буџет и нереализирани проекти, ете што значи кога ВМРО-ДПМНЕ ќе добие шанса да раководи со народните пари, истакнаа од СДСМ.
Арсовска вчера демантираше дека на Градот му се заканува банкрот и порача дека во Советот на град Скопје функционира „коалиција“ СДСМ-ДПМНЕ, за која како што вели е, коалиција против граѓаните која секој месец се финансира со по 500 евра по советник за една седница на која не гласаат за проектите кои се важни за подобар град, токму од парите на граѓаните на градот Скопје.