Кина: Се надеваме дека НАТО ќе го почитува суверенитетот на Србија

од Stefanija Kuzmanovska
505 прегледи

Пекинг се надева дека НАТО ќе го почитува територијалниот интегритет на Србија, изјави портпаролката на кинеското министерство за надворешни работи, Мао Нинг, коментирајќи ги плановите на Алијансата да го зголеми присуството на своите сили на Косово.

„Се надеваме дека НАТО навистина ќе го почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на таа земја и навистина ќе направи нешто за мирот во регионот“, коментира Мао Нинг, посочувајќи дека Кина се противи на едностраните дејствија во ситуацијата на Балканот.

Пекинг повикува да се избегне ескалација на тензиите во Косово и да се зачува мирот и спокојството на Западен Балкан.

„Кина секогаш ги поддржуваше напорите на Србија за заштита на нејзиниот суверенитет и територијален интегритет. Во сегашната ситуација треба да се избегне ескалација на тензијата и да се зачува мирот и спокојството на Западен Балкан“, рече кинескиот претставник.

Коментирајќи ја средбата меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и кинескиот амбасадор во Белград Чен Бо, портпаролката рече дека на средбата страните размениле мислења за прашања од интерес на Пекинг и Белград.

Мао Нинг додаде дека Кина и Србија се поврзани со односи на „сеопфатно стратешко партнерство и железно пријателство“.

Слични содржини