Секојдневното креирање на лажни вести проследени со навреди се најниското ниво на кое ВМРО-ДПМНЕ е спаднато од своето основање до денес. Денешното ВМРО-ДПМНЕ е непрепознатливо кое што го „пушти низ вода“ сето свое претходно раководство и се служи со омаловажување на другите преку Гебелска пропаганда, порачаа од после денешните обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што стои во соопштението, затоа „Никола Груевски има четири пати поголем рејтинг од Христијан Мицкоски и повеќе од една третина на гласачите на ВМРО-ДПМНЕ не го поддржуваат Мицкоски туку го сметаат сеуште Груевски како нивен лидер“.
-ВМРО-ДПМНЕ треба да се извини за клеветите и лилчните навреди упатени према Првиот потпретседател на Владата, г-дин Груби. Во прилог Ви испраќаме доказ за цената на патиките за кои замислете, се состануваше Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ и донесе стратешка одлука да креира уште една лажна вест по наредба на нивниот претседател во својата секојдневна колекција, истакнуваат од владеачката партија.
ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека Груби се подновил со патики кои како што велат, чинат 27 илјади денари.
-Потсетете се само кој беше Артан Груби и дали носеше патики од над 450 евра пред да влезе во политиката, кога беше хулиган и погледнете го сега откако се потпиша договорот за Коридорот 8 и 10. Очигледно Артан Груби како новопечен мултимилионер сака во стилот да биде новиот Еди Рама, но за жал од “Алиекспрес”, бидејќи сите знаат дека овој негов луксуз се должи на криминалот и корупцијата кои ги прави оваа Влада на ДУИ и СДСМ, соопштија од најголемата опозициска партија преку соопштение.