Скопјанец осуден поради семејно насилство

од desk4
328 прегледи

Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство во Скопје започнал постапка против 45-годишен скопјанец поради основано сомнение дека извршил тешка телесна повреда врз својата вонбрачна партнерка во нивниот семеен дом на улицата “Партение Зографски” во периодот од 25 до 30 мај.

Според обвинението, осомничениот повторно извршувал семејно насилство и и нанесувал тешки телесни повреди на партнерката со удирање со тупаници и клоци по главата и телото. Оштетената претрпела тешки телесни повреди, вклучувајќи хематоми во пределот на лицето, подлактите и мултифрагментарни фрактури на носните коски.

 

Слични содржини