Американскиот претседател Џозеф Бајден падна на сцената во Колорадо за време на церемонијата на дипломирање на кадетите на Академијата на воздухопловните сили.
Бајден, кој со 80 години е најстариот актуелен претседател во историјата на САД, брзо стана по падот со помош на чувари и изгледаше дека е неповреден.
Американскиот претседател претходно стоеше околу час и половина за да се ракува со секој од 921 дипломиран кадет.
Директорот за комуникации на Белата куќа рече дека на претседателот е „добро“.
„Имаше вреќа со песок на сцената додека претседателот се ракуваше“, напиша Бен ЛаБолт на Твитер по инцидентот во четвртокот.
„Ме удри вреќа со песок“, се пошегува Бајден, смешкајќи им се на новинарите додека се враќаше во Белата куќа истата вечер.
Претходно Белата куќа објави дека Бајден се сопнал од црна вреќа со песок додека ја напуштал сцената.
На видеото од инцидентот се гледа како Бајден покажува на една од двете вреќи со песок што се користеле за да го поддржат неговиот телепромотер додека му помагале службеник на воздухопловните сили и двајца членови на неговата Тајна служба.