Постојат многу фактори кои влијаат на долговечноста, а здравата исхрана е еден од нив. Според д-р Ширин Касам, со децении знаеме дека здравата исхрана може позитивно да влијае на животниот век и здравјето.
„Сините зони се делови од светот каде луѓето живеат најдолго и најздраво. Тие имаат најголема концентрација од 100-годишници“, објаснува тој. Сините зони ги вклучуваат Икарија во Грција, Окинава во Јапонија, Сардинија во Италија, Лома Линда во Калифорнија и полуостровот Никоја во Костарика.
Исхраната на жителите на тие делови од светот се карактеризира со висок внес на зеленчук, овошје, житарки и мешунки. Оваа храна богата со хранливи материи е поврзана со помал ризик од здравствени проблеми опасни по долговечноста, како што се срцеви заболувања или мозочен удар.
„Сините зони споделуваат исхрана која е претежно или исклучиво растителна, со акцент на консумацијата на грав како главен извор на протеини. Неодамнешните студии потврдија дека префрлањето на растителна исхрана на која било возраст е корисно“, вели д-р Касам.
Имено, исхраната базирана на растенија изобилува со хранливи материи, како што се влакна, полифеноли, витамини, минерали и стотици фитохемикалии, кои соработуваат за да го намалат ризикот од хронични состојби преку промовирање на подобро здравје на цревата, намалување на воспалението и подобрување на регулацијата на гликозата, стои во извештајот.
Растителната исхрана е најздрава
Истражувањето објавено во списанието PLOS Medicine исто така ги истакнува позитивните ефекти на исхраната базирана на растенија врз долговечноста. Истражувачкиот тим откри дека префрлањето на растителна исхрана на 20-годишна возраст може да го зголеми животниот век за 10,7 години за жените и 13 години за мажите. Се покажа дека најголем бенефит се јавува со консумирање на повеќе мешунки, цели зрна и јаткасти плодови.
Додека она што го вклучува исхраната во сината зона е најважно, храната што треба да се избегнува исто така игра важна улога. Храната што се јаде ретко или никогаш содржи додадени масти, сол, шеќер или конзерванси.