Курти: Ќе разговарам за можностите за одржување нови избори со Лајчак и Ескобар

од Vladimir Zorba
237 прегледи

Премиерот на Косово, Албин Курти изјави дека „не ја оспорува неопходноста“ од одржување нови избори на северот на Косово „во одреден момент“, но оти, како што вели, „владеењето на правото“ треба да се воспостави пред тоа.

Во интервју за NBC News, Курти рече дека ќе разговара за можностите за одржување нови избори следната недела со специјалниот пратеник на Европската унија за дијалог Мирослав Лајчак и специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар, кои ќе ја посетат Приштина.

„Следната недела специјалните претставници на ЕУ и САД, Лајчак и Ескобар, ќе дојдат на Косово и ќе разговараме за деталите. Верувам во предвремени избори, но затоа ни треба владеење на правото и слободна и фер кампања за слободна и фер избори“, рече Курти.

Слични содржини