Ковачевски не оди сам на лидерска поради две причини, велат од „Белата палата“

од Nikola Popovski
259 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ денеска излезе со соопштение во однос на најавената лидерска средба што треба да се случи во наредниот период меѓу Христијан Мицкоски и премиерот Димитар Ковачевски. Според партијата, „Ковачевски не го пуштаат сам да оди на лидерска средба поради две причини“.

-Првата е зошто Али Ахмети не му дава и се чувствува запоставен, втората е зошто раководството на СДС нема доверба во Ковачевски. Напоменуваме досега официјална покана за лидерска средба до ВМРО-ДПМНЕ нема, освен оние изјави преку медиумите, велат од „Белата палата“ и апелираат СДСМ „да не се однесува детски и недораснато“.

Од СДСМ порачаа дека Мицкоски се уште има можност да реши: дали ќе ја поддржи македонската иднина во ЕУ или ќе остане во заложништво на Левица.

-Веќе следната недела ќе знаеме, дали Мицкоски ќе биде дел од блокот на ЕУ или остаува во анти европскиот блок со Левица, истакнуваат од владеачката партија, нагласувајќи дека оставаат на Мицкоски да избере дали ќе дојде сам или со некој од раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

Од ДУИ денеска обвинија дека „сите гласачи на ВМРО-ДПМНЕ знаат дека Мицкоски го интересираат само бизнисот и неговите деловни партнери и дека намерно го оставил во кал целото поранешно раководство на ВМРО-ДПМНЕ“.