„Форд“ со српски таблички се запали на „Табановце“

од Nikola Popovski
697 прегледи

Министерството за внатрешни работи информира дека возило со српски таблички се запалило на ГП „Табановце“.

-На 02.06.2023 во 19.36 часот било пријавено дека во меѓузоната на Граничниот премин Табановце настанал пожар во електрична инсталација на патничко возило „форд фокус“ со српски национални ознаки, управувано од С.М.(55) од Србија.

Пожарот бил локализиран од присутни возачи кои чекале за влез во Македонија. Повредени лица нема, стои во полицискиот билтен.

Слични содржини