Пресуда за пожарот во тетовската модуларна болница: Условна казна за директорите, кај докторот нема вина

од Nikola Popovski
430 прегледи

Поранешниот директор на тетовската болница Флорин Бесими и поранешниот економски директор на болницата Артан Етеми беа прогласени за виновни за пожарот во тетовската модуларна болница. Според пресудата, Бесими и Етеми добија условна казна, додека докторот Бобан Вучевски е ослободен од обвинение, односно судот не пронајде вина кај него.

Осудените добија казна една година и шест месеци, со услов во наредните три години да не повторат делото.

Заедно со Вучевски и Клиничка болница е ослободена за делото “непостапување по здравствени прописи”, иако судијата во тетовскиот суд пресуди да плати оштета од милион денари.

Судијата Јордан Велков истакна дека обвинителство не успеа да обезбеди докази за обвинетиот д-р Бобан Вучевски дека е виновен за делото за кое се товари, додека двајцата поранешни директори и правното лице судот ги прогласи за виновни, како што потенцираше судијата, затоа што не обезбедиле, односно не поставиле противпожарни апарати во самата модуларна болница.

Судењето за пожарот што се случи на 8 септември 2021 кога животите ги загубија 14 луѓе, а десетина беа повредени, почна на 7 декември 2022 откако од септември 2022 до тогаш судскиот процес беше неколку пати одложуван.

Поранешните директори, Флорин Бесими и Артан Етеми се теретат за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, додека докторот Бобан Вучевски за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. Клиничката болница како правно лице се терети за две кривични дела, прво за „предизвикување општа опасност“ и за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

Тие на почетокот на судењето истакнаа дека го разбираат обвинението, но дека не чувствуваат вина.

Слични содржини