Холивудскиот актер, Ал Пачино за прв пат проговори за „специјалната“ бременост на неговата 29-годишна девојка.
Холивудската икона (83) го чека своето четврто дете со партнерката Нур Алфалах (29), а за време на неодамнешната прошетка со другар, тој беше прашан дали е „возбуден“ поради неговото претстојно доаѓање.
Во видеото до кое дојде „Дејли Мејл“, Пачино вели: „Тоа е многу посебно. Отсекогаш било. Имам многу деца. Но, ова е навистина посебно што доаѓа во овој момент“.
Пачино изјавил дека сè уште не го знае полот на бебето.
Веста првпат беше објавена од ТМЗ минатата недела, а потврдена од публицистот на ѕвездата на „Кум“, Стен Розенфелд.
Пачино веќе е татко на ќерката Џули Мари (33), која ја дели со Џен Тарант. Тој има и 22-годишни близнаци, Антон и Оливија, со актерката Беверли Д’Анџело. Двојката датира од 1997 до 2003 година.
Актерот и Алфала, наводно, се во врска од април минатата година.