Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес на 7.6.2023 година во 14 часот и 26 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 280 km источно од Скопје, Република Бугарија и е со Рихтерова локална магнитуда ML4.6.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во источниот дел на Републиката, и тоа од населението во подрачјето на Пехчево и Берово, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Точно во 15 часот и 26 минути по локално време силен земјотрес го потресе Пловдив, објави бугарскиот портал „24 Часа“.
Според Геофизичкиот институт на Бугарија, магнитудата на овој земјотрес била 4,8 степени според Рихтеровата скала, а длабочината била 4,5 километри. Епицентарот е околу Асеновград.
Тресењето на земјата траело околу 10-12 секунди, коментираат жителите на Асеновград.