Каевски: ВМРО-ДПМНЕ прифати уставни измени и дијалогот треба да продолжи

од Nikola Popovski
274 прегледи

Прифаќањето на уставните измени како и учество во широка Влада за европски интеграции се добра основа. Сега, најважно е дијалогот со ВМРО-ДПМНЕ да продолжи, рече портпаролот и пратеник од СДСМ, Дарко Каевски после лидерската средба.

Како што кажа Каевски, не е прв пат опозицијата да промени став.

-Сепак овој пат тоа е добро затоа што може да доведе до заеднички придонес за продолжување на европскиот пат на земјата, секако доколку останат на она што јавно го кажа Мицкоски. Сега не е време за нервоза, не е време за политичко ривалство, сега е време на одговорност пред нашите сограѓани и пред иднината на нашата држава. Ајде заедно да ги донесеме одлуките и заедно да се гордееме на уште еден национален успех, стои во изјава на портпаролот на СДСМ.

Од СДСМ денеска најавија дека ќе одржат состанок на Централниот и Извршниот одбор на партијата за тоа како ќе продолжат преговорите со ВМРО-ДПМНЕ, „по новите околности на политичката сцена“.

Слични содржини