Во услови на сериозни политички предизвици, какви што впрочем се евентуалната блокада, евентуалниот застој на европските интеграции, или лошите билатерални односи со Бугарија или променетата геополитика, сметам дека најмалку што ѝ е потребно на оваа држава е дополнително комплицирање на приликите и со нов внатрешно-политички проблем, како резултат на исклучување на една важна политичка партија од учество во власта во државата, вели во интервју за РСЕ професорот по уставно право и политички систем, Александар Спасеновски.
„Така што, од аспект на поводите за барањата на ВМРО-ДПМНЕ за исклучување на ДУИ можеме да најдеме причини, меѓутоа од аспект на тоа дали ваквото решение придонесува или одмага, мојот заклучок е дека тоа не е полезно за стабилноста на државата и за евентуално полесно и подобро надминување на политичките предизвици со коишто се соочуваме во моментов“, истакнува тој.