230
Пуштен е сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 од Делчево кон Македонска Каменица, каде во изминатите 24 часа се работеше на санирање на поголема пукнатина како резултат на невремето кое во четвртокот го зафати Делчево.
До целосно оспособување на патот за тешки товарни возила, како што информираа од подружницата на „Макадонија Пат“, сообраќајот за тешки товарни возила ќе се одвива преку регионалниот пат Берово – Смојмирово – Виница.