Истражување за „Детектор“: Македонија има најдобри односи со Србија, а најлоши со Бугарија

од Stefanija Kuzmanovska
477 прегледи

Македонија има најдобри односи со Србија а најлоши со Бугарија, покажува последното истражување на јавното мислење кое за „Детектор“ го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Според ова истражување, 56,5% од граѓаните сметаат дека најдобри односи имаме со Србија. На второ место е Албанија со 11,3% а на трето Турција со 3,3%.

Тука некаде е и Косово по што следи Хрватска со 2,6%, Словенија со 1,2%, Грција со 1,1% и Бугарија со 0,9%.

Македонците во огромно мнозинство најдобри односи сметаат дека имаме со Србија. Нивниот процент надминува 72%.

Кај етничките Албанци, Албанија е земјата со која сметаат дека имаме најдобри односи. Ваков став делат 39,8%.

Слични содржини