Дерматолог открива кои намирници најмногу ја уништуваат кожата

од Stefanija Kuzmanovska
465 прегледи

Многу истражувања покажаа дека храната која ја консумираме влијае на здравјето на нашето тело, како и на здравјето на нашата кожа.

Како што пренесува „Дејли мејл“, исхраната богата со овошје и зеленчук може да ѝ даде на нашата кожа сјај, но и младешки изглед. Сепак, одредена храна може да доведе до проблеми со кожата како што се мозолчиња, акни, сува кожа, па дури и брчки.

„Постојат одредени намирници кои не им ги препорачувам на моите пациенти за да го одржат најдоброто можно здравје на кожата“, објаснува дерматологот Тиви Марутапа, која наброја неколку намирници кои, како што вели, никогаш не ги јаде и не им ги препорачува на другите.

Прво, таа тврди дека на прво место треба да се избегнува јадење храна богата со рафиниран шеќер. Познато е дека прекумерното консумирање шеќер може да предизвика зголемување на телесната тежина и расипување на забите, но тоа не е добро ниту за нашата кожа. Премногу рафиниран шеќер може да предизвика процеси на стареење во клетките на телото, предупредува д-р Марутапа.

„Секако дека можеме да уживаме во рафиниран шеќер во умерени количини, како колачи, бисквити или слатки, а јас имам тенденција да јадам топка сладолед. Сепак, вишокот рафиниран шеќер во нашата исхрана може да го забрза стареењето на кожата“, додава таа.

Покрај храната богата со шеќер, таа тврди дека алкохолните пијалоци се втората работа која најмногу ја уништува нашата кожа. Како што објаснува, консумирањето големи количини алкохол не само што предизвикува мамурлак, туку е и многу лошо за нашата кожа.

Диуретичниот ефект кој го поттикнува телото да лачи повеќе течност доведува до губење на течности и хранливи материи кои се од витално значење за здрав изглед на кожата.

„Како резултат на тоа, кожата може да стане подуена и збрчкана поради губење на еластичноста. Алкохолот, исто така, предизвикува иритации на кожата, што доведува до црвенило, па дури и осип. Генерално советувам да го сведете алкохолот на минимум, особено пред некој голем настан кога сакате вашата кожа да изгледа најдобро“, советува д-р Марутапа.

Слични содржини