СКОПЈЕ ГО ДОБИВА ПРВИОТ ФЕСТИВАЛ НА УЛИЧНА ХРАНА: Уживање во кулинарска авантура

од Stefanija Kuzmanovska
302 прегледи

Како секоја светска метропола, така и нашиот главен град добива свој препознатлив фестивал на улична храна.

Skopje Street Food Festival ќе се одржува за прв пат од 14.06 до 18.06.2023 во центарот на градот, односно на паркингот на „Театар Комедија“, со почеток во 17:00 часот за време на работната недела и во 13:00 часот за време на викендот.

Skopje Street Food Festival ги собра сите најдобри ресторани и бистроа за улична храна во Скопје на едно место и со тоа ви овозможува да уживате во прекрани ароми и богати вкусови кои ќе ве одведат на незаборавна кулинарска авантура низ светот. Од наjвкусните италијански пици и паста, до мексикански такоси, американски бургери и многу други, откријте ги овие скриени богатства и иновативни креации на храна од кои ќе посакате залче повеќе.

Петнаесетте учесници на фестивалот кои ќе се промовираат со свои штандови со храна и ќе бидат присутни сите 5 дена се: Jojo’s BBQ, Matto Napoletano, Bubble Waffle’s, Fat Kitchen Bistro, Scoop Artisan Gelato, Taco’s Jam, Three Hundred Rabbits, Oljo’s Street Food, Mustacos Taqueria, Moremania, Thai Box, Jes Pasta, Dren, Brunch Box Eatery и FJ Culinary Consultants.

За максимално уживање, фестивалот ќе биде збогатен и со музичка програма каде ќе имате можност да ги слушнете бендовите Session Selection, Day Off – The next Generation и In the Mood, како и специјалниот гостин, германско- америчкиот DJ и продуцент DJ Pari и нашите DJи Bojan Chakra и Double G.

Уште едно изненадување е отворената интерактивна работилница на FJ Culinary School за изработка на традиционален македонски колбас со домашни првокласни состојки, која ќе се одржи на 16.06.2023, Сабота со почеток во 11:00 часот. Поканата за овој Masterclass е отворена за сите оние кои сакаат да и се доближат на македонската традиционална кујна и да се стекнат со нови кулинарски вештини.

Skopje Street Food Festival ветува незаборавно уживање за сите љубители на добрата храна.

Влезот е бесплатен, па поканете ги вашите пријатели, семејство, и секако вашиот апетит. Заокружете го датумот и не заборавајте да ги фотографирате вашите најубави моменти и да ги споделите на социјалните медиуми со #SkopjeStreetFoodFestival. Нека дознае светот за вашите омилени јадења, нови откритија и незаборавното време поминато на фестивалот.

За повеќе информации следете го Инстаграм профилот на Skopje Street Food Festival.

Слични содржини