Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека секој договор за решавање на речиси половина век етничка поделба на Кипар мора да се заснова на признавање на отцепената држава на кипарските Турци во северната третина од островот.
Изјавите на Ердоган за северен Кипар, по неговиот реизбор за претседател минатиот месец, не се нови и сугерираат дека политиката на Анкара кон Кипар останува цврста, и покрај меѓународната осуда на предложениот договор меѓу двете суверени држави, кој е во спротивност со резолуциите на ОН кои повикуваат на единствен федерален Кипар,јави АП.
„Никој не може да ја поднесе загубата уште 50 години, а единствениот начин да се вратиме на преговарачката маса е признавање на Турската Република Северен Кипар“, рече Ердоган за време на заедничката прес-конференција со водачот на кипарските Турци, Ерсин Татар.