Ова е бродот кој потона во Грција: „Бројот на луѓе беше многу поголем од капацитетот на пловилото“

од Stefanija Kuzmanovska
338 прегледи

Најмалку 79 лица загинаа, а повеќе од 100 се спасени откако брод со мигранти се преврте во близина на брегот на јужна Грција во средата.

Драматични сцени се случувале во пристаништето Каламата, каде се наоѓаат преживеаните од бродоломот, кога брод на крајбрежната стража влегол во пристаништето со телата на жртвите во средата вечерта.

Досега се пронајдени 79 тела, од кои 78 мажи и само една жена, додека 104 мигранти се спасени. Според градоначалникот на Каламата, спасените се на возраст од 16 до 41 година.

Тоа што од вчера попладне нема напредок во истрагите ги загрижува надлежните. Како што истакнуваат претставници на крајбрежната стража за Protothema.gr, точниот број на патници ќе биде тешко прецизно да се одреди дури и откако ќе се земат изјави од спасените.

Преживеаните и грчките власти велат дека на бродот имало уште стотици мигранти, можеби од 500 до 700.

„Бројот на луѓе на бродот беше многу поголем од капацитетот што треба да се дозволи за овој брод“, рече регионалниот здравствен службеник и укажа дека ова е „невидена трагедија“.

Слични содржини