Вучиќ за ситуацијата на Косово: Децата од 12 години се подготвени да загинат поради Курти

од Stefanija Kuzmanovska
312 прегледи

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека ситуацијата на Косово е „ужасно тешка“ и дека децата на возраст од 12 и 13 години се подготвени да загинат бидејќи сите се сити од косовскиот премиер Албин Курти.

„Не можам повеќе да издржам физички. Не можам да спијам навечер. Затоа што за разлика од вас, знам што се случува секоја вечер на северот на Косово. Буквално сè врие. Децата од 12, 13 години се подготвени да загинат, што мораме да го спречиме. Доста им е од Курти“, рече Вучиќ на прес-конференцијата по средбата со претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар.

Тој објасни дека претходната вечер деца на 12 и 13 години бркале полициски возила на косовската полиција.

„Никој повеќе нема да ги трпи, ниту нив, ниту нивниот терор. И сега ќе речете дека нема да добиете леб од Рашка. Па што ќе јадат? Осумдесет проценти од лебот е од Рашка. А што ќе правиме со млекото“, праша претседателот зборувајќи за ситуацијата на северот на Косово.

Кога станува збор за апсењето на тројца припадници на косовската полиција, за кои Србија тврди дека се специјалци уапсени на територијата на централна Србија, а Косово тврди дека се граничари кои биле зад административната линија, Вучиќ вели дека Курти со својата изјава признал дека биле таму каде што не смеело.

„Важни се неколку работи, дека се што кажа Курти е вистина, тој самиот призна дека ги прекршиле сите норми на меѓународното право. Тој рече дека тие биле 300 метри во внатрешноста на административната линија. Немаат право да бидат таму. Според воено-техничкиот договор тие треба да се јават во КФОР 36 часа порано на километар“, рече Вучиќ.

Слични содржини