Италијанската влада ја одобри судската реформа насочена кон зајакнување на правата на обвинетите, мерка за која долго време се залагаше поранешниот премиер Силвио Берлускони, кој почина претходно оваа недела.
Предлог-законот, кој владата на Џорџа Мелони му го посвети на Берлускони, ја ограничува употребата на прислушување, ги комплицира процедурите за апсење и го укинува кривичното дело злоупотреба на службената положба.
Нацрт-реформата до која „Ројтерс“ имал пристап цитира податоци кои покажуваат дека во 2021 година 4.745 лица биле под истрага за злоупотреба на службената положба, додека имало само 18 пресуди.