СДСМ бара одговори од ВМРО-ДПМНЕ за Резолуцијата во Бундестагот

од Vladimir Zorba
204 прегледи

„Партнерските и сестринските партии на ДПМНЕ не ја поддржаа Резолуцијата на германскиот Бундестаг, која дава поддршка на нашиот европски пат, со признавање на македонскиот јазик, идентитет и посебност“, соопштија утрово до СДСМ.

„Мицкоски и ДПМНЕ им должат одговор на македонските граѓани, зошто не лобирале кај своите сестрински партии за поддршка, зошто не ги презентирале и не ги бранеле позициите на нашата држава или пак правеле нешто спротивно.

Треба да се одговори пред јавноста дали поранешни министри за надворешни работи имале спротивен став од она што беше донесено во Резолуцијата во Бундестагот.

Јавноста многу добро знае чија заслуга е Резолуцијата во германскиот Бундестаг и за жал ДПМНЕ освен блокади не направи ништо ниту за македонскиот идентитет и јазик, ниту пак за оваа резолуција“, истакнаа од Бихаќка.

Слични содржини