Шокантни тврдења на Орбан: „Има човек на Западот кој може да ја заврши војната во Украина“

од Stefanija Kuzmanovska
757 прегледи

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, еден од најголемите сојузници на рускиот претседател Владимир Путин, изјави дека поранешниот американски претседател Доналд Трамп може да стави крај на војната во Украина доколку победи на претседателските избори во САД во 2024 година, пишува Newsweek.

„Има човек на Западот кој може да ја заврши војната во Украина и да донесе мир. Станува збор за Доналд Трамп“, рече Орбан во петокот за унгарската радио станица Kossuth Rádió.

„Унгарија би сакала на чело на САД да види личност која се залага за мир“, додаде унгарскиот премиер.

Орбан е голем поддржувач на Трамп, а претходно изјави дека Русија немало да ја нападне Украина доколку тој победеше на претседателските избори во Америка во 2020 година.

Слични содржини