492
Американскиот професор Даниел Сервер изјави денеска дека САД и ЕУ се подготвени да извршат притисок доколку премиерот на Косово, Албин Курти го отфрли планот за деескалација, додавајќи дека не ја исклучува можноста САД да го прогласат Курти за персона нон грата.
Коментирајќи го пристигнувањето на специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, во Вашингтон, Сервер во интервју за весникот „Репортери“ рече дека патувањето на европскиот претставник „главно се однесува на координација“.
„Единствената тема каде што забележувам разлики во ставовите на ЕУ и САД е Отворениот Балкан. САД го поддржуваат, а ЕУ се противи“, рече Сервер, професор на Универзитетот Џон Хопкинс во Вашингтон.