Министерството за внатрешни работи ги објави деталите за вчерашната тешка сообраќајна несреќа на булеварот „Франклин Рузвелт“ во Скопје, при што една жена беше прегазена со автомобил .
На 21.06.2023 во 21.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Франклин Рузвелт“ и ул.„Руѓер Бошковиќ“, патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(34) од с.Марино, општина Илинден, удрило во пешакот В.А.(51) од Скопје, по што го напуштило местото.
Од полицијата додаваат дека В.А. била пренесена во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди.