МВР и ФРОНТЕКС спречиле над 3 илјади илегални преминувања на јужната граница

од Nikola Popovski
292 прегледи

Денеска, по средбите со граѓаните во рамки на Отворениот Кабинет во Кавадарци, министерот Оливер Спасовски го посети и Регионалниот центар Југ, каде што оствари средба со раководството на оваа организациска единица на МВР, со цел брифирање за состојбите со мигранти на границата со Грција, на која веќе два месеца заеднички се распоредени македонските полициски службеници и 140 претставници на ФРОНТЕКС од 8 земји.

„Благодарение на заедничките напори, во првите 5 месеци од 2023 спречени се 3.518 илегални преминувања на државните граници, најголем дел на границата со Грција – 3.048, односно бележиме намалување на обидите за 42%. Воедно, откриени се 29 случаи на криумчарење на 234 мигранти со мерки за кривичен прогон за 21 лице“, истакнал Спасовски.

Министерот изразил уверување дека вработените од Регионалниот центар Југ, како и нивните колеги од ОВР Кавадарци и СВР Велес, и во наредниот период ќе продолжат со реализацијата на активности кои носат резултати, како во делот на репресивните мерки, така и со превентивните активности во заедницата, со цел одржување и зголемување на безбедноста на граѓаните.

Слични содржини