Приведени три лица во скопска Гази Баба поради дрога

од Vladimir Zorba
341 прегледи

Приведени се три лица во скопска Гази Баба откако полицијата при претрес на две локации пронашла дрога.

Од МВР информираат дека денеска од страна на Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при Одделот за криминалистичка полиција и Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје, со поддршка на Единицата за интервентна полиција, биле лишени од слобода Н.П.(38), В.К.(50) и М.Ч.(31), сите од Скопје.

– Имено, при претреси на две локации на подрачјето на Гази Баба, извршени со судска наредба, во домот на Н.П., каде била затекната и В.К., со која живеел во заедница, биле пронајдени марихуана во процес на сушење, дигитална вага и поголем износ на пари за кои постои сомнение дека потекнуваат од недозволена продажба на дрога, а во домот на М.Ч. пронајдена е марихуана во тегла, две пакувања и 15 ќесички подготвени за продажба, една дигитална вага со остатоци од дрога, соопштуваат од МВР.

Лицата се приведени и задржани во полициска станица и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави за извршени кривични дела по член 215 од Кривичниот законик.

Слични содржини