Внукот на Ахмети добил концесија за ископ на варовник во вредност од 3.600.000 денари

од Vladimir Zorba
530 прегледи

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, објави договор склучен помеѓу државната ЕСМ и фирмата на Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети во кој стои дека истата фирма има само еден вработен а има добиено концесија уште од претходната влада на СДСМ и ДУИ за ископ на варовник во вредност од 3.600.000 денари.

Дрин Ахмети е сопственик на фирма Еверест ЏД кој што има концесија за ископ на варовник, и таа концесија е некаде 16, 17 години и е добиена уште во времето на претходната влада на СДСМ и ДУИ. Договорот се однесува на купопродажба на варовник од страна на ЕСМ и изнесува околу 3.600.000 денари. Значи станува збор за фирма која што е од кланот на Ахмети и која што склучува договор со државната ЕСМ, значи ги троши народните пари. Симптоматично е што до нас стигна информација дека оваа фирма има само еден вработен. И сега доколку е тоа така како тогаш може тој еден вработен да подготви и апликација за тендерска документација, како може да ги врши ископи итн. Значи прилично сериозен случај како овој со купувањето на Соравиа и за кои што треба да се заинтересираа институциите“, објасни Ковачки.

Слични содржини