Лоши и несоодветни се условите во затворите низ земјава, констатираше државниот Народен правобранител, Насер Зибери. Тој дека во најголемиот затвор „Идризово“ затворениците се предмет на барање мито, а владее и голема корупција.
„Во Идризово, во затвореното одделение, како минимален стандард се налага 4 квадратни метри по лице. Во третото крило, во 14 квадрати спијат 15 лица, а тоа не е ниту еден квадрат за осуденик. Од нив, шест спијат на душеци на под, а останатите на кревети на четири спрата. Во друга просторија од 21,5 квадрати спијат 11 осудени лица, а во трета на 19 квадрати спијат 10 лица“, рече Зибери, презентирајќи го извештајот насловен како Национален превентивен механизам (НПМ) за 2022 година.
Тој го посочи дека во КПУ/КПД Идризово, во таканареченото затворено одделение во најголемиот дел од просториите не се почитувале Европските затворски правила и дека освен лишувањето од слободата, предизвикот да се преживее зад решетките се плаќа со пари.
Зибери спомена дека затворениците исто така, се жалат и на корупција. Па така, како што рече, и во овој годишен извештај е сѐ уште актуелен проблемот дека за добивање на одредена погодност сè уште се користи начин што подразбира плаќање одредени погодности.