Жена во САД убила возач на Uber мислејќи дека ја киднапира

од Stefanija Kuzmanovska
362 прегледи

Жена во САД е обвинета за убиство на возач на Uber бидејќи мислела дека тој ја киднапирал, соопшти полицијата.

Фиби Копас мислела дека возачот ја носи во Мексико, соопшти полицијата во градот Ел Пасо, Тексас, веднаш на границата на двете држави.

Таа потоа го застрелала возачот Даниел Педро Гарсија, според извештајот.

52-годишникот починал во болница по неколку дена на апарати за одржување во живот.

Додека возел, Копас видела знак за градот Хуарез во соседно Мексико, соопшти полицијата.

Двата града ги дели само американско-мексиканската граница.

Кога помислила дека ја киднапираат, Копас извадила пиштол од чантата и го застрелал возачот во главата, стои во полицискиот извештај.

Автомобилот во кој се наоѓале удрил во насипот на патот.

Копас, која дошла од родниот Кентаки да го посети своето момче, наводно повикала полиција и итна помош, го фотографирала возачот и го контактирала нејзиниот партнер.

„Во текот на истрагата не утврдивме дека се работи за киднапирање, ниту дека Педро го сменил правецот на движење во однос на дестинацијата дадена од Копас“, велат од полицијата на градот Ел Пасо.

Слични содржини