„Го цениме она што го прави Северна Македонија за регионалната безбедност, за европската безбедност. Таа е прекрасен сојузник во однос на нашата трансатлантска безбедносна врска и навистина ни помага да возвратиме против руската агресија и ја поддржува Украина во многу важен момент. Затоа што она што се случува во Украина сега не е важно само за Европа и за трансатлантската заедница, туку и за глобалната заедница“, вели во интервју за ВОА заменик-помошникот секретар за одбрана на САД за европска и НАТО политика Спенсер Бојер за Гласот на Америка на македонски.
За тоа дали Бојер верува дека корупцијата во Македонија е закана за нејзината национална безбедност, тој изјави дека САД се грижат за демократијата и владеењето на правото во целина за сите нивни сојузници и партнери.
„Ќе оставам на моите колеги од Стејт департментот да зборуваат за политиката и политичките напори што ги имаме со Северна Македонија. Она што можам да го кажам од страната на Одделот за одбрана е дека го гледаме нашиот однос како расте и како вистинска основа за севкупните билатерални односи. Се разбира, ние се грижиме за демократијата и владеењето на правото во целина за сите наши сојузници и партнери. Сметаме дека фокусирањето на тие работи и постоењето силни демократии се важни за да се има силни системи за да бидат отпорни, да придонесат пошироко за регионалната и глобалната безбедност. Така што тоа е секогаш важно“, вели Бојер.