Се судрија автомобил и мотоцикл во Центар, едно лице во болница

од Vladimir Zorba
200 прегледи

На 27.6.2023, во 22.40 часот, било пријавено дека во Скопје, на улицата Аминта Трети, пред крстосницата со улицата Ристо Шишков, патничко возило „дачија логан“, управувано од К. К. (41) од Скопје, удрило во мотоцикл „кавасаки“, запрено од Ѓ.С. (34) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.

„Во несреќата тешки телесни повреди добил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.

Слични содржини