442
Упатството за водење на матична евиденција е спротивно на Уставот, има одредби кои го кршат Уставот, смета претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска.
Во врска со оформувањето на предмет по сопствена иницијатива, во кој ќе се води постапка за оценување на уставноста на предлог-законот, Кацарска изјави дека предметот е поделен кај судија известител.
– Предметот е поделен кај судија известител и е определен советник кој ќе работи по предметот, изјави Кацарска, со надеж дека истиот за брзо ќе биде ставен на седница.
На прашањето дали предмет на иницијативата ќе биде само подзаконскиот акт или и делот од Законот за матична евиденција, таа рече дека не знае каква одлука ќе биде донесена и нагласи дека оформен е предмет само за упатството.