Лажел дека е вработен во Фонд за здравство и „олеснил“ жена за 6000 евра

од Nikola Popovski
320 прегледи

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Валандово поднесе кривична пријава против И.П.(43) од Гевгелија, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „измама”.

Како што информира МВР, во периодот од август 2022 до мај 2023 година, пријавениот преку телефон, лажно се претставувал како С.Г., вработен во Фондот за здравство, при што со нудење на помош за подигање на парични средства од Фондот, со измама ја навел А.Г. од с.Балинци да му исплати околу 6.000 евра.

На жената ѝ ветувал дека може да ѝ помогне при поврат на средства во Фондот за што таа прифатила да му ги даде парите.

Слични содржини