Вучиќ: Син ми е похрабар од Курти, три пати му го „треселе“ автомобилот

од Nikola Popovski
1,7K прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва изјавил дека на Косово три пати бил претресен автомобилот во кој бил неговиот најстар син Данило и дека бил „малтретиран“, а косовските медиуми објавија дека припадници на косовската полиција го принудиле да ја соблече маицата со „провокативна порака“ на која пишувало „Предавањето не е опција“.

„Тоа им е работа. Трипати го застанале и ја пребарале колата и малтретирале, само нека продолжат. Му честитам на (премиерот на Косово) Албин Курти за неговата храброст, иако не е толку храбар кога е во мое друштво. Кога ќе испрати некои други да се изживуваат на туѓи деца, тогаш е во ред. Само нека продолжи. Данило не е мал, тој е малку похрабар од Курти“, рекол Вучиќ.

„За „Предавањето не е опција“, некои се плашеа да одат таму долу, а они поминаа низ Приштина облечени во таа маица и дојдоа во Грачаница на литургија, само за да му се помолат на Бога“, додал српскиот претседател.

Синот на Вучиќ, Данило, утрово заминал на литургија во манастирот Грачаница, по повод празникот Видовдан.

Косовската телевизија Дукаѓини вечерва објави видео на кое се гледа како припадници на косовската полиција го запираат синот на претседателот на Србија за да му ја тргнат маицата со гореспомената порака.

Слични содржини