СДСМ го демантира ВМРО: Сметките за струја не поскапуваат за 10%

од Nikola Popovski
340 прегледи

СДСМ попладнево реагираше дека „ВМРО-ДПМНЕ претходно лажеше дека цената на струјата ќе се зголеми за 40 отсто, а денес лаже дека 80 отсто од домаќинствата не влегуваат во третиот тарифен блок“.

-Со месеци партијата на Мицкоски и самиот Мицкоски ја плашеа јавноста дека ќе следува енормно зголемување на електричната енергија, за 40 до 60 отсто, свесно лажеа дека ќе нема струја и ќе има рестрикции, велат од партијата на власт.

-Не е точно тврдењето дека од први јули сметките за електрична енергија за најголем дел од домаќинствата ќе поскапат за околу 10 отсто. Над 80 отсто од домаќинствата не влегуваат во третиот потрошувачки блок и со корегирање на стапката на ДДВ и со претходното намалување на цената за киловат час електрична енергија ќе имаат минимално и незначително зголемување на сметките на струја, стои во партиското соопштение.

Од „Белата палата“ обвинија дека од утре граѓаните ќе плаќаат поскапа струја затоа што власта го зголемува ДДВто од 10 на 18%.

-Со утрешното покачување на цената на струјата, а според блоковите кои ги воведоа СДС, граѓаните кои паѓаат во вториот блок ќе плаќаат за 2,88 отсто поскапа струја, во третиот блок зголемувањето ќе биде 9,99 отсто, а во четвртиот блок зголемување од 9,87 отсто, рече меѓу другото портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.