276
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен денеска во Брисел изјави дека благодарение на усогласувањето на визната политика со ЕУ, бројот на илегални мигранти од регионот на Западен Балкан е намален за четвртина.
Таа посочи дека во последниот месец на Западен Балкан „многу е направено“ кога станува збор за визната хармонизација со ЕУ.
„Партнерите од Западен Балкан презедоа големи чекори за усогласување на нивната визна политика со визната политика на Европската Унија. Како резултат на тоа, од почетокот на оваа година, забележавме намалување од 25 проценти на нередовните премини од тој регион, главно поради таа траса“, изјави фон дер Лејен за новинарите на крајот од дводневниот самит на ЕУ.