МВР со детали за тешката несреќа во која багерист усмрти жена во центарот на Скопје

од Nikola Popovski
681 прегледи

Повозрасна скопјанка денеска загина во Скопје откако била прегазена од багер, информираа од МВР.

„Денеска во 11 часот било пријавено дека во Скопје на улица Јордан Мијалков работно возило (градежна машина-багер) управувано од И. А. (42) од с. Грчец, Скопско удрило во Л. Ј.(66) од Скопје која починала на местото на несреќата. Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје“, соопшти полицијата.