1,1K
Поранешната министерка за финансии и основач на „Групер“, Нина Ангеловска викендов се омажи со својот партнер Виктор Станков, а свадбената веселба се одржала во познат скопски ресторан.
Меѓу гостите на синоќешната свадба биле присутни и поранешниот претседател на владата, Зоран Заев и поранешниот прв човек во здравството, Венко Филипче.
-Happy wedding, објави поранешниот министер за здравство на својот Инстраграм профил.
Во 2019 година, Ангеловска го презема раководењето со Министерството за финансии, а сега е претседател на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија. Има бројни домашни и странски признанија. Магазинот „Forbes“ ја има наградено со признанието „30 под 30“ за Европа во категоријата малопродажба и е-трговија.